Поврзи се со нас

Фудбал

Конте пред мечот со Реал Мадрид: Можев да бидам на клупата на овој тим

Реал Мадрид и Интер вечерва го играат дербито на колото во Лигата на шампионите. Двата тима се најнепријатните изненадувања во првите две кола, откако освоија само два, односно еден бод. Интер одигра реми со Шахтјор и Менхенгладбах, додека Реал Мадрид загуби од Шахтјор, а одигра нерешено со Менхенгладбах.

Дали е обид да внесе немир пред мечот во таборот на противникот или нешто друго, не се знае, но Антонио Конте изјави пред овој меч дека можел да биде тренер на Реал Мадрид.

-Имаше моменти во кариерата кога бев навистина блику до Реал Мадрид. Сепак, тоа беше на веќе започната сезона и ќе беше комплицирано да го презедев, па секогаш наоѓав учтив начин да го одложам тоа, изјави Конте.

Дуелот се игра вечерва со почеток во 21:00 часот.

loading...

Facebook