Connect with us

Фудбал

Конте се предомислува, за нападот купува домашен „производ“

Во изминатиот период Оливие Жиру се спомнува како засилување за нападот на Интер, односно како трет напаѓач по Лукаку и Мартинез. Но, сепак италијанските медиуми пренесуваат дека Антонио Конте се предомислува и сака „домашен производ“.

Нов фудбалер на списокот на Конте е Андреа Петања од Спал, кој во овој клуб пристигна од Аталанта. Во оваа сезона тој постигна пет голови во досегашниот тек од првенството.