Connect with us

Фудбал

Конте: “Следната сезона се враќам во Италија“

Тренерот на Челзи, Антонио Конте, планира да ја промени клупската средина на крајот од сезоната. Парите не е се за Конте, љубовта кон Италијанскиот фудбал е посилен.

Иако има договор до 2019 година, трофејниот италијански стручњак веќе ги информирал клупските челници дека сака да се врати во Италија, каде според тамошните медиуми, ќе биде именуван за нов предводник на седумкратниот европски клупски шампион, Милан.

Италијанскиот стручњак пред неколку месеци беше во отворен конфликт со клупските челници поради според него лошата трансфер политика.