Connect with us

Фудбал

Конте смета дека Интер против Шахтјор одиграл подобро отколку Реал Мадрид

Иако беа фаворити во групата, сепак Реал Мадрид и Интер се без победа во првите две кола од Лигата на шампионите. „Нероаѕурите“ одиграа 0:0 на гостувањето кај Шахтјор, додека „Кралевите“ се спасија од пораз во последните моменти од мечот на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах (2:2).

Тренерот на Интер Антонио Конте вели дека тактиката на Шахтјор била тотално дефанзивна и дека на ист начин одиграле како против Реал Мадрид, но разликата е тоа што неговиот тим не примил голови од контри. За потсетување „Кралевите“ загубија со 3:2 на тој меч.

– Против Реал тие постигнаа три гола на контранапади, затоа мислам дека ние одигравме добар натпревар, имавме посед, но не постигнавме гол. Мислам дека заслуживме повеќе од ова, им честитам на Шахтар бидејки тие се лидери на табелата, вели Конте.

Инаку, на 3-ти ноември токму Реал Мадрид ќе биде домаќин на Интер во третото коло од оваа група.