Connect with us

Фудбал

Конти ќе паузира најмалку пет месеци, Милан замената ја наоѓаат во Барса

Замената за тешкоповредениот Конти, Милан, ја наоѓа во Каталнскиот клуб. Играчот на Барселона, Алеикс Видал, е главна цел на Милан во зимскиот преоден рок.

Раководните лица на седумкратниот европски клупски шампион се во потрага по офанзивен десен бек кој ќе биде ангажиран како замена за Андреа Конти кој поради тешката повреда на коленото мора да паузира и во следните пет месеци.

Новите сопственици на Милан сакаат прво да го позајмат поранешниот фудбалер на Севилја, а потоа на крајот од сезоната да го откупат неговиот договор.