Connect with us

Фудбал

Коронавирус: Екс играч на Ливерпул и Барселона едвај ја добил битката

Според последните информации 4,1 милион лица во светот се заразени со коронавирус. Регистрирани се на 283 илјади смртни случаи. Меѓу оние кои што не издржаа имаа и спортисти, но има спортисти и меѓу оние кои успеале да го победат вирусот.

Еден од нив е легендарниот Јари Литманен, поранешна ѕвезда на Ајас, Барселона и Ливерпул.

– Треска, главоболка, болки во мускулите, останување без здив … Сè што е можно. Сето ова траеше четири недели, вели Литманен кој вели дека поминал тежок период, но додава дека сега е добро.

Јари Литманен е најдобриот фудбалер кои Финска ги имала.