Connect with us

Кошарка

Кошаркарот на Партизан, Патрик Милер е најкорисен играч во АБА лигата во октомври

Кошаркарот на Партизан, Патрик Милер е најкорисен играч во АБА лигата во октомври, објавено е на веб страницата на регионалното натпреварување.

Американецот го заслужи признанието како најефикасен играч со 18,8 поени во просек, 5,6 асистенции и 2,6 скока по натпревар, доволно за вкупен индекс од 25,4.

Тој го предводеше Партизан на четири победи од шест натпревари, придонесувајќи неговиот клуб да се искачи на второ место.

Милер беше прогласен за најдобар играч во 5. коло кога против Игокеја постигна 23 поени, со 11 асистенции и пет скока.