Connect with us

Фудбал

Костарика со реми дома се пласира на СП во Русија

Фудбалерите на Костарика изборија пласман на Светското првенство во Русија 2018 откако ноќеска на домашен терен одиграа нерешено 1:1 со Хондурас.

Јунак на натпреварот беше Кендал Вотсон откако голот за изедначување го постигна во судиското надополнување на вториот дел (90+5 минута). Претходно Еди Хернандез на Хондурас му донесе водство во 66.минута.

Костарика по Мексико е втрората репрезентација од КОНКАКАФ зоната со обезбеден пласман на Мундијалот. Воедно е 13.та репрезентација учесничка на СП.

На чело на табелата во КОНКАКАФ зоната по 9.коло е Мексико со 21 бод, Костарика има 16, САД 12, Панама и Хондурас имаат по 10, а последен е Тринидад и Тобаго со 2.

Директен пласман на СП од оваа зона носи и третото место, додека четвртопласираната селекција ќе игра бараж со победникот од двомечот Австралија – Сирија.

Во последното 10.то коло играат: Хондурас – Мексико, Панама – Костарика и Тринидад и Тобаго – САД.