Connect with us

Фудбал

„Кралевите“ сакаат одмазда против перфектниот ПСЖ

Малкумина очекуваа убедлив пораз на Реал Мадрид во Париз од 3:0, но Ди Марија и Муние му го нанесоа еден од најубедливите порази на кралскиот тим во поблиската историја во Лигата на шампионите. Првото коло во Групата А беше отворено со супер дерби, а ќе се затвори на ист начин.

На „Сантијаго Бернабеу“ доаѓа ПСЖ, можеби во најдобриот момент. Зинедин Зидан конечно пронајде победничка формула, на последните шет меча во сите конкуренции, не само што победуваат, туку играат и ефикасен фудбал. Вкупно 18 постигнати и само два примени голови доволно говори каков фудбал треба да очекуваме вечерва. Без разлика на тоа што Асенсио, Лукас, Начо и Родригес не се во комбинација поради повреди, сепак Реал Мадрид има сила за одмазда за поразот од 3:0 на првиот меч.

Слично како Реал, така и ПСЖ е во одлична форма. На последните 10 меча во сите конкуренции имаат само еден пораз, тука е Икарди кој се наметнува како големо освежување во нападот со 10 голови на 9 меча, па за очекување е да има голови вечерва.

ПСЖ во досегашниот тек од ЛШ има перфектен учинок. Четири меча, четири победи, 10 постигнати голови и ниту еден примен. Секако ова ќе биде голем предизвик за Реал Мадрид вечерва да стави крај на перфекцијата на ПСЖ.

Дуелот се игра со почеток во 21:00 часот.

ГРУПА А:

21:00 Ч. РЕАЛ МАДРИД – ПСЖ

21:00Ч. ГАЛАТАСАРАЈ – БРИЖ

ТАБЕЛА: ПСЖ 12, Реал Мадрид 7, Бриж 2, Галатасарај 1.

ДОСЕГАШНИ ДУЕЛИ:

ЛШ 2019: ПСЖ – РЕАЛ МАДРИД 3:0

ЛШ 2018: ПСЖ – РЕАЛ МАДРИД 1:2

ЛШ 2018: РЕАЛ МАДРИД – ПСЖ 3:1

ИНТ.КУП 2016: РЕАЛ МАДРИД – ПСЖ 1:3

ЛШ 2015: РЕАЛ МАДРИД – ПСЖ 1:0

ЛШ 2015: ПСЖ – РЕАЛ МАДРИД 0:0

ПРИЈАТЕЛСКА: ПСЖ – РЕАЛ МАДРИД 0:1