Connect with us

Фудбал

Кристал Палас го има најслабиот почеток во историјата на Премиер лигата

Екипата на Кристал Палас го има најлошиот старт не само во клупската историја, туку и во постоењето на Премиер лигата. По седум кола, Кристал Палас нема ниту еден освоен бод, но нема постигнати ниту еден гол.

По четирите порази раководството на местото на Франк де Бур на тренерската функција го постави Рој Хоџсон, но и тоа не помогна кон подобрување на резултатите.

Тешко дека може да се очекуваат бодови и во следните неколку рунди со оглед на тешкиот распоред, а навивачите на овој клуб веќе стануваат песимисти за опстанокот во Премиер лигата.

Последниот пораз Кристал Палас го доживеа вчера од Манчестер Јунајтед со 4:0 и со гол разлика 0:17 во моментов е најслаба екипа од пореспектабилните лиги на континентот.

Во следната рунда на 14 октомври Кристал Палас е домаќин на актуелниот шампион Челзи.