Connect with us

Фудбал

Кристијано Роналдо е болен. Нема да игра против Нигерија

Менаџерот на Португалија Фернандо Сантош на прес-конференцијата по денешниот тренинг изјави дека Кристијано Роналдо го пропуштил тренингот поради стомачни проблеми и дека нема да конкурира за утрешниот подготвителен натпревар против Нигерија.

Сантош изјави дека Роналдо има проблеми со гастритис и не е подготвен за натпреварот. Светското првенство започнува во недела, а Португалија на 24 ноември ќе го одигра првиот натпревар против Гана. Во групата се и Јужна Кореја и Уругвај.