Connect with us

Фудбал

Кристијано Роналдо на рапорт кај Тен Хаг, две опции на маса!

Кристијано Роналдо неодамна направи нов проблем во Манчестер Јунајтед кога го напушти стадионот пред крајот на мечот со Тотенхем. Тој беше „избришан“ за дуелот со Челзи и мораше да плати казна од еден милион фунти, а денеска води разговор со Тен Хаг и има две опции – помирување или заминување веќе во јануари.

Според добро информираниот новинар Дејвид Орнштајн, Кристијано Роналдо денеска лично ќе се сретне со менаџерот на клубот Ерик тен Хаг.

Тен Хаг е дециден дека Португалецот треба да остане член на тимот од Манчестер, но не би сметал секогаш на него како стартер.

Пред одлуката би сакал да го слушне мислењето на Роналдо, особено ако може да се помири со ситуацијата дека веќе не е недопирлив во стартните 11.

Доколку страните не успеат да се договорат, се споменува дека Манчестер Јунајтед ќе ја пушти својата ѕвезда бесплатно за време на зимскиот преоден рок, бидејќи Португалецот е најплатениот играч на тимот.

Оваа гласина дополнително може да се потврди со фактот дека, според информациите на Дејли Меил, петкратниот освојувач на Златната топка морал да тренира со резервниот тим до 21 година овој викенд како дел од неговата казна, што Роналдо не прифати, но наместо тоа тренира сам.