Connect with us

Фудбал

Кристијано Роналдо не е повикан за мечот со Бреша

Најдобриот фудбалер на Јувентус во последните неколку натпревари, Кристијано Роналдо нема да биде во составот на утрешниот дуел против Бреша. Според угледниот весник „Газета дело Спорт“, Португалецот барал одмор, па тренерот Маурицо Сари се согласил да го ослободи од обврски за овој натпревар.

Овој натпревар секако е важен за Јувентус во трката за првото место, особено не смеа да си дозволат нов шок по оној во минатото коло од Верона.

Но, за мечот со Бреша Сари не може да смета на Бернадешки, Диего Коста, Демирал и Кедира. Киелини е под знак прашалник, но последните информации велат дека можно е да настапи.

Мечот се игра со почеток во 15 часот.