Connect with us

Тајмаут

Кристијано Роналдо заработи двојно повеќе од Лионел Меси во 2023 година

Лионел Меси можеби ја слави својата осма „Златна топка“, но кога се во прашање парите и добивките, аргентинскиот гениј во 2023 година нема никакви шанси против Кристијано Роналдо.

Специјализираната публикација за финансиски истражувања „Форбс“ го објави најновото рангирање, кое се однесува на заработката на фудбалерите во изминатата година. Роналдо дефинитивно е прв со заработка од неверојатни 260 милиони евра, од кои 200 милиони се од договорот што го има со Ал Насер и 60 милиони од комерцијални договори кои Португалецот скапо ги наплаќа од компаниите кои ги застапува.

Само за споредба, Меси има речиси половина од приходите од Роналдо во 2023 година, Аргентинецот има 75 милиони евра од Интер Мајами и уште 70 милиони од спонзорски договори. На третото место на ова рангирање е Нејмар, кој има вкупно 112 милиони евра приход (80 милиони од Ал Хилал и 32 од спонзорски договори).

Минатогодишниот лидер во оваа ранг-листа, Килијан Мбапе, овојпат е на четвртото место со вкупно 110 милиони евра приход.

Во последните 10 години од рангирањето на Форбс, Кристијано Роналдо шест пати беше најплатен фудбалер во светот, Лео Меси три пати беше на врвот на листата, додека оваа разлика еднаш (лани) му припадна на Мбапе.