Connect with us

Фудбал

Кризата во Наполи расте, Анчелоти заминува во јануари?

Карло Анчелоти во јануари би можел да го напушти кормилото на Наполи и да замине во Бока Јуниорс, објави „Фокс Спорт“.

Трофејниот тренер е во отворен конфликт со првиот човек на тимот Аурелио Де Лаурентис, а потврда на тоа е неговата вчерашна изјава кога рече дека не се согласува фудбалерите да бидат во карантин до сабота, кога ќе можат да заминат дома.

Наполи во моментов е на 7.место во Серие А со 18 освоени бодови на 11 одиграни натпревари. Синоќа одигра само 1:1 против Салцбург во ЛШ и пропушти можност да биде првиот тим кој сезонава обезбедил пласман во осминафиналетот.