Connect with us

Кошарка

Кугис: Го одбрав Вардар, иако одбив двојно поголема плата

Артурс Кугис се приклучи на македонскиот и европскиот првак минатото лето. Неговите одлуични партии на голот на репрезентацијата на Летонија не останаа незабележани.

За неговите услуги имаше и други заинтересирани тимови, но сепак како што тој самиот вели, го одбрал Вардар, иако одбил двојно поголема плата.

-Освен Вардар уште два тима кои играат во Лигата на шампионите беа заинтересирани за мене. Одбив двојно поголема плата, а прифатив да дојдам во Вардар поради тоа што два пати во три години станаа шампиони. По разговорот со моето семејство одлучив за Вардар, иако имав многу подобри финансиски понуди, вели Кугис.