Connect with us

Фудбал

Кулушевски поради Конте не направил трансфер во Интер

Швеѓанецот до македонско потекло Дејан Кулушевски од следната сезона ќе го носи дресот на Јувентус. Тој уште во зимскиот преоден рок потпиша договор, но остана позајмен на Парма до крајот на сезоната. На чекор до неговите услуги беше Интер. Сепак, во последен момент за нешто повеќе од 40 милиони евра, тој се пресели во Јувентус.

Во интервју за италијанските медиуми ја коментираше и неговата одлука зошто не се преселил во Милано.

-Со Конте на чело, сите движења се различни, како и тактичката поставеност. Искрено имав многу сомнежи. Видете, еден Ериксен не може да се снајде во Интер, вели Кулушевски.