Connect with us

Фудбал

Кулушевски со изјава која сигурно нема да му се допадне на Роналдо

Како што е познато Кулушевски е нов играч на Јувентус, но за деби ќе почека до следната сезона, бидејќи според договореното ќе мора да ја одработи позајмицата во Парма. Но, тој веќе имаше интервју за СТВ Спорт.

Едно од прашањата беше кој му е идол, тој одговори Златан Ибрахимовиќ.

По ова прашање, новинарот го праша кој е подобар играч Лионел Меси или Кристијано Роналдо, а Кулушевски одговори кусо: Меси.

Но, тука не беше крајот. На прашањето кој е подобар Алесандро Дел Пјеро или Франческо Тоти, Кулушевски ја одбра легендата на Рома..

Останува да се види како ќе реагираат фановите на Јуве на овие негови изјави.