Фудбал
Куман ги тргна од списокот Меси, Тер Штеген и Кутињо
Екипата на Барселона утре гостува во Будимпешта кај Ференцварош во рамките од претпоследното коло од групната фаза од ЛШ. Со оглед на тоа дека каталонскиот тим уште во претходното коло обезбеди пласман во нокаут фазата, за утрешниот меч на списокот ќе ги нема Лионел Меси, Андре Тер Штеген и Фелипе Кутињо. Според информациите на каталонските медиуми овие тројца играчи воопшто не биле дел од денешниот претпладневен тренинг и дека тренерот Куман нема да ги поведе на ова гостување. Веројатно ќе ги одмора бидејќи ги чека незгоден предизвик викендов во Ла Лига. Гостуваатна Кадиз, тим кој е пред нив на табелата и кој пред неколку кола го шокираше Реал Мадрид.