Connect with us

Фудбал

Куман може да ја завие во црно Барселона во случај да замине

Договорот на Роналд Куман со Барселона истекува во јуни 2022 година и се уште нема потврда за продолжување на соработката.

Од Шпанија пристигнуваат информации според кои Куман дополнително би можел да ја загрози инаку тешката финансиска состојба на каталонскиот гигант.

Имено, во случај да не се активира третата година од договорот за сезоната 2022/23, Барселона ќе треба да му плати на Куман шест милиони евра.

Според информациите, ова е клаузула договорена од холандскиот стручњак кога пристигна во клубот кога претседател беше Жoзеп Марија Бартомеу.

Таа сума одговара на бројката што 58-годишникот ја плати на ФС на Холандија за да може да ја напушти позицијата тренер и да потпише со Барселона.

Пред неколку дена, самиот Куман зборуваше за својата иднина на Ноу Камп, велејќи дека клубот е важен, а не тој.

„Не е важна мојата иднина, туку клубот и тимот. Не се плашам за својата иднина, клубот одлучува во име на претседателот“, изјави Холанѓанецот.

Инаку, според некои информации, доколку Барселона го отпушти Куман, ќе мора да му плати отпремнина во износ од 13 до 14 милиони евра.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама