Connect with us

Фудбал

Куман утрово доби лоши вести

Барселона вчера на својот стадион беше поразена од Реал Мадрид со 2:1.

Каталонците повторно беа поразени во „Ел Класико“, а Роналд Куман е првиот тренер на овој клуб кој забележал три порази во низа во натпреварите против кралскиот клуб.

Холандскиот стручњак се најде под тешки критики, а навивачите бараат негово заминување од клубот.

Барселона и вчера не блескаше, па најголемиот дел од играчите целосно потфрлија. Тоа најмногу се однесува на Френки де Јонг кој одигра еден од полошите натпревари во дресот на Барселона.

Сепак, шпанските медиуми објавија дека Де Јонг дури играл со повреда која само се влошила вчера, што го потврди и Барселона.

Клубот потврди дека Де Јонг се здобил со повреда на тетивата на десната нога и дека по дополнителните прегледи ќе се утврди колку ќе отсуствува од теренот.

Во среда се очекува Барселона да му гостува на Рајо Ваљекано и извесно е дека Де Јонг нема да биде подготвен за тој натпревар.