Connect with us

Фудбал

Куртоа денеска ќе дебитира, но има еден „мал“ проблем

Белгискиот репрезентативен голман Тибо Куртоа вечерва конечно ќе дебитира на голот на Реал Мадрид.

Куртоа ова лето од Челзи премина во редовите на Реал Мадрид и после 16 дена во Мадрид конечно дојде време да му се даде шанса. Тренерот Жулен Лопетеги, како што пишува „AS“, одлучи да го стави Куртоа на за вечерашниот дуел против Џирона.

Реал вечерва му гостува на Џирона, а Куртоа ќе ја добие својата шанса пред Кејлор Навас.

Меѓутоа, „AS“ ги предупредува навивачите на Реал да имаат трпение за Куртоа, со оглед на тоа дека во претходните шест сезони секој пат на премиерниот натпревар примил барем по еден гол.

Меѓутоа, Лопетеги му верува на Куртоа и смеа дека вечерва ќе покаже зошто е донесен во Реал, но навивачите на овој клуб сметаат дека Белгиецот нема да има премногу работа на гостувањето кај Џирона.

Куртоа пред да дојде во Реал седум години бранеше во Челзи, а три години беше на позајмица во Атлетико Мадрид