Connect with us

Фудбал

Куртоа: Имав проблеми со Навас, но еден ден ми пријде Зидан и…

Дали Тибо Куртоа имаше проблеми со својот ривал Кејлор Навас во Мадрид? На оваа тема во едно неодамнешно интервју зборуваше и самиот белгиски голман, осврнувајќи се на времето кога двајцата голмани играа во белиот дрес.

Кога Куртоа дојде во Реал Мадрид, тој беше нервозен за тоа како ќе биде примен од тренерот Зинедин Зидан. Белгиецот мислеше дека фаворит на тренерот ќе биде Кејлор Навас, кој во тоа време беше прв голман.

Сепак, Зидан зборуваше лице в лице со Куртоа, му покажа дека има верба и дека го очекува најдоброто од него.

„Зизу отворено разговараше со мене. Тој сфатил дека јас и Навас немаме толку добри односи. Тој ми кажа дека ќе бидам негов почетен голман“.

Сепак, ситуацијата со Кејлор Навас продолжи со други неволји. Куртоа со текот на времето забележа дека голманот од Костарика не е задоволен од трансферот на Бернабеу.

И со 3 победи во Лигата на шампионите, на Навас не му се допадна тоа што не важеше за прва виолина на голот на Мадрид.

„Навас разбра дека јас го заземам неговото место и тоа немаше добар ефект меѓу нас“, изјави Куртоа