Connect with us

Фудбал

Куртоа: Конте ја има нашата поддршка

Голманот на Челзи, Тибо Куртоа изјави дека тимот е подготвен да се бори за тренерот Антонио Конте за кого се почесто се шпекулира дека може предвреме да ја прекине соработката со „сините“.

– Ние сме подготвени да се бориме за нашиот тренер. Конте има целосна поддршка од своите играчи, иако тимот немаше победа на три натпревари пред саботниот дуел со Вотфорд кој заврши со триумф на Челзи (4:2).

Ние сакаме да покажеме дека сме зад Конте и мислам дека победата над Вотфорд е добар почеток. Инаку, знаете што ќе се случеше ако не победивме и на овој меч. Секој менаџер ги следи сопствените принципи. Со Антонио ние главно се оспособуваме тактички и ние сме среќни со тоа, додаде Куртоа.

Челзи по девет рунди во Серија А се наоѓа на 4. Место со 16 бода, девет помалку од лидерот Манчестер Сити.