Connect with us

Фудбал

Куртоа не потпишува нов договор со Челзи, чека понуди од Реал и Атлетико

Според Марка и TheSun, првиот голман на Челзи, Тибо Куртоа, сака во новата клупска сезона да го чува голот на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал Мадрид.

Репрезентативецот на Белгија во минатото го носеше дресот на лутиот градски ривал, Атлетико Мадрид, и не крие дека сака повторно да се врати во Мадрид.

Спектакуларниот трансфер може да стане реалност за време на летниот преоден рок само доколку раководните лица на “кралскиот клуб” испратат официјална понуда која нема да биде помала од 70 мил. фунти.