Фудбал
Кутињо во Премиер лигата? Еве што вели неговиот менаџер
Агентот на Филипе Кутињо ги минимизира гласините за трансфер што го поврзува Бразилецот со враќање во Премиер лигата. Кутињо помина шест години во Ливерпул, воспоставувајќи се како миленик на навивачите на „Енфилд“, пред да се пресели за 142 милиони фунти во Барселона во јануари 2018 година.
Сепак, тој разочара со своите настапи на „Камп Ноу“ и беше испратен на позајмица во Баерн Минхен за тековната кампања. Се верува дека Барселона е подготвена да слушне понуди за Кутињо, а бразилскиот репрезентативец е поврзан со Челси и Њукасл.
Запрашан за гласините за трансфер и иднината на Кутињо, агентот на играчот Киа Јорабчијан изјави за „ТалкСпорт“: „Филипе е во Баерн, но сега е повреден. Тој имаше операција пред две недели на глуждот и ќе треба шест недели да се опорави, што за жал значи дека веројатно ќе ги пропушти повеќето натпревари во Бундеслигата до крајот на сезоната. Се надеваме дека тој ќе биде подготвен за крајот на сезоната. Засега не сме разговарале со никого за какви било трансфери. Мислам дека во моментов концентрацијата на сите е поврзана со оваа пандемија и како сезоната може да почне во безбедно опкружување“.