Connect with us

Други спортови

Кузњецова го пропушта Австралија Опен

Руската тенисерка Светлана Кузнецова најверојатно ќе го пропушти првиот голем тениски турнир следната година што ќе се игра во Мелбурн. Таа нема да настапува на Грен слемот Австралија Опен 2018 поради повреда на левата рака.

Не можев да ја избегнам операцијата, бидејќи имав две повреди во тој дел од раката. Беше многу комплицирано. Ќе закрепнам по некое време. Докторот дури и не сака да зборува за датум за враќање на судот. Не можам да кажам дали ќе имам време да се подготвам за Австралискиот Опен, најверојатно ќе го пропуштам, рече Кузнецова, која е 12-та на светската ранг листа.

Нејзините проблеми со рачниот зглоб започнаа за време на УС Опен и продолжија до крајот на сезоната.