Connect with us

Фудбал

Квадрадо останува во Торино до 2022 година

Крилниот фудбалер Хуан Квадрадо потпиша нов договор со Јувентус и се обврза на соработка до 2022 година.

Тој во Торино пристигна во сезоната 2015/2016 и од тогаш до сега постигна 15 голови и запиша 15 асистенции. Со „Старата дама“ освои 4 Скудета, три Италијански купа и еден Супер куп на Италија.