Connect with us

Фудбал

Квалификации за ЕП 2020: Англија и даде 5 гола на Црна Гора, Франција продолжи шампионски

Англија постигна убедлив успех со 5:1 при посетата на Црна Гора во дуел од групата „А“ во квалификаците за ЕП 2020.

По освоените три поени Англичаните се лидери на табелата со 6 поени по две победи во двата натпревари досега.

Домаќините изненадувачки стигнаа до погодок преку Весовиќ кој се запиша во 18-тата минута, но островјаните брзо го свртеа резултатот.

Во 30-тата минута Кин успеа да израмни, а за пресвртот прецизен беше Баркли, кој се запиша точно девет минути подоцна.

Во 59-тата минута Баркли го постигна вториот погодок на натпреварот, а во 71-тата минута и Хари Кејн се запиша во листата на стрелцте.

За крајниот резултат прецизен беше Стирлинг во 81-та минута.

Франција ги израдува своите обожаватели со убедлива победа во својот прв домашен дуел за 2019 година.

Светските шампиони повторно постигнаа четири гола, освојувајќи 4:0 против Исланд и запишаа втор успех во групата „Х“ за евровалификациите.

Умтити го отвори резултатот во 12 минута, а во вториот дел голови реализираа Жиру, Мбапе и Гризман.

Квалификации за ЕП 2020, 2.коло:

Група „А“:

Косово – Бугарија 1:1
0:1 Божиков (39)
1:1 Зенели (61)

Црна Гора – Англија 1: 5
1:0 Весовиќ (17)
1:1 Кин (30)
1:2 Баркли (39)
1:3 Баркли (59)
1:4 Кејн (71)
1:5 Стирлинг (81)

Група „Б“:

Луксембург – Украина 1:2
1:0 Турпел (34)
1:1 Циганков (40)
1:2 Родригез (90 авто гол).

Португалија – Србија 1:1
0:1 Тадиќ (7-пенал)
1:1 Переира (42)

Група „Х“:

Андора – Албанија 0:3
0:1 Садику (21)
0:2 Балај (87)
0:3 Абраши (90)

Франција – Исланд 4:0
1:0 Умтити (12)
2:0 Жиру (68)
3:0 Мбапе (78)
4:0 Гризман (84)

Турција – Молдавија 4:0
1:0 Калдерум (24)
2:0 Тосун (26)
3:0 Тосун (54)
4:0 Ајхан (70).вз