Connect with us

Кошарка

Л’Екип ги објави буџетите, кој европски кошаркарски тим има најмногу пари?

Секогаш е интересно да се погледат бројките на тимовите, во кои било спортови. Угледниот весник Л’Екип ги објави буџетите на европските кошаркарски тимови.

На врвот е Барселона со годишен буџет од 41 милион евра, рускиот тим ЦСКА Москва е втор, со 300 илјади евра помал буџет, додека Реал Мадрид е на третото место со 40 милиони. Помеѓу првите 20 клубови, на листата која ја состави Л’Екип, се најде и белградска Црвена Звезда со 8,3 милиони евра годишен буџет.