Connect with us

Кошарка

ЛА Лејкерс сакаат да заработат на трагедијата, скокна цената на влезниците

Влезниците за мечевите на ЛА Лејкерс по смртта на Коби Брајант скокнаа. Првиот меч откако загина во хеликоптерска несреќа, Лејкерси ќе го играат во својот „Стејлпс Центар“ ноќта помеѓу вторник и среда.

Клубот се најде на удар на неколку американски медиуми кои објавија дека на интернет сајтовите каде се продаваат влезници, цената скокнала неколку пати.

Со оглед на тоа дека Лејкерси ќе играат против градскиот ривал Клиперс, уште пред трагедијата владееше голем интерес за мечот. Сепак, емотивниот момент дополнително влијаеше.

Најефтините влезници сека чинат околу 1000 долари, три пати повеќе од претходниот меч на Лејкерси против Портламнд. Пониските нивоа од салата, или поточно речено до паркетот, чинат помеѓу 4.600 и 11.460 долари.

Лејкерси се уште не објавиле на кој начин ќе му одадат почит на трагично загинатата легенда Коби Брајат.