Connect with us

Фудбал

Ламин Јамал го запиша своето име во историјата на Ла Лига и Барселона

Ламине Јамал беше претставен од Чави Ернандез како играч кој може да одбележи ера во Барселона и откако му даде неколку шанси на крајот од минатата сезона, трендот продолжува и на стартот на новата.

Јамал влезе како замена во првото коло против Хетафе и остави добар впечаток, а во второто коло против Кадиз стартуваше како стартер.

Ламине стана најмладиот стартер во шпанската Ла Лига во 21 век, а воедно и најмладиот стартер кој некогаш бил во стартниот тим на каталонскиот гигант.