Connect with us

Тајмаут

Ламине Јамал ужива во Грција со својата девојка (ФОТО)

Најголемата фудбалска сензација на ЕП 2024, младиот Шпанец Ламине Јамал, ужива во заслужениот одмор по освојувањето на Европското првенство, а за одмор ја избра секогаш посакуваната атракција меѓу фудбалерите, Грција. Јамал (17) беше еден од клучните фактори во фантастичната игра на шпанската репрезентација кон титулата европски првак во која неговата селекција го освои трофејот со максимален број на победи.

View this post on Instagram

A post shared by @lamineyamal

Јамал одигра одлично првенство и беше прогласен за најдобар млад играч на турнирот. По ЕП следува краток одмор, а потоа враќање во Барселона, неговиот клуб, кој веќе ги започна подготовките за следната сезона.

За да не заостанува премногу зад соиграчите, Јамал кратко ќе биде на одмор, но тој реши да го помине на најдобар можен начин и да ги наполни „батериите“ во Грција. Јамал нема да им се придружи на соиграчите во Барселона за време на паузата на американската турнеја, туку ќе работи одвоено со Феран Торес и Педри по враќањето на теренот.