Connect with us

Фудбал

Лампард се предомисли, 150 милиони за јануари, ова е листата

Откако стана јасно дека суспензијата, однсоно забраната за трансфери е укината за Челзи, тренерот Френк Лампард изјави дека е задоволен со овој состав и дека е можно во зимскиот преоден рок да не ангажираат нови имиња.

Сепак, според англиските медиуми Лампард се предомислил.

Раководството на Челзи ќе одвои 150 милиони фунти на менаџерот Франк Лампард за зимска селекција, пренесе „Гардијан“.

На списокот на нови играчи на Лампард се Џејден Санчо (Борусија Дортмунд), Тимо Вернер (РБ Лајпциг), Вилфрид Заха (Кристал Палас), Муса Дембеле (Олимпик Лион) и Фјодор Чалов (ЦСКА Москва).

Челзи доби право да купува нови играчи во јануари, откако Спортскиот арбитражен суд во Лозана го собори трансфер ембаргото наметнато на клубот на почетокот од овој месец.