Connect with us

Фудбал

Лампард за Мурињо: Честитки, но јас никогаш не би заминал во Тотенхем

Френк Лампард му честиташе на Жозе Мурињо за новата работа. Како што вели, враќањето на Португалецот, или поточно доаѓањето на клупата на Тотенхем е добро за целата лига.

Сепак, Лапард доби и незгодно прашање од новинарите, дали тој некогаш би работел во Тотенхем.

-Не, сигурно не. Мораме да го почитуваме неговото право тоа да го направи, но јас не, изјави Лампард.

Нешто слично има изјавено и Мурињо кога беше тренер на Челзи. Сепак, на првата прес конференција како тренер на Тотенхем, прашан што се променило од оваа негова изјава, Португалецот рече „Па, тоа беше пред да добијам отказ“.