Фудбал
Лапорта бил бесен по „Ел Класико“ и влетал во соблекувалната на судиите, барал објаснување!
Во Ел Класико, Реал Мадрид го совлада најголемиот ривал Барселона со 3:1. Кралевите одиграа навистина одличен натпревар. Ги искористија сите шанси и заслужено го победија каталонскиот гигант.
Натпреварот беше решен во судиското продолжение. Судијата Хозе Марија Санчез Мартинез покажа на белата точка по контактот на Ерик Гарсија и Родриго со помош на ВАР технологијата.
Родриго ја презеде одговорноста и го совлада Тер Штеген и го заокружи овој натпревар кој го одвои Реал на врвот на табелата.
Во Барселона не беа задоволни од судењето на судијата Санчез. Претседателот Жоан Лапорта беше особено лут и реши да го покаже тоа, пишуваат шпанските медиуми.
Според одредени медиуми, по натпреварот Лапорта ја посетил судиската соблекувална. Тој побарал објаснување за одредени одлуки кои Санчез ги донел.
Судијата Санчез во извештајот сигурно ќе го спомене доаѓањето на Лапорта во соблекувалната и ќе видиме дали првиот човек на Барселона ќе биде казнет.