Connect with us

Фудбал

Лаура добива смртни закани: „Ќе му се придружиш на твојот син“

Лора Кларк стана планетарно популарна само затоа што ненамерно ја погоди Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ немаше намера, но тој ја удри топката директно во главата на несреќната Лаура, поради што српскиот тенисер беше дисквалификуван од УС Опен.

На 56-годишната Американка почна да и се закануваат на социјалните мрежи, и на крајот на краиштата, таа реши да го заклучи својот профил на Инстаграм.

Некои отидоа толку ниско што и рекоа дека ќе „му се придружи на нејзиниот син“. Нејзиниот син го загуби животот пред 12 години во велосипедска несреќа.

loading...

Новак сепак ги замоли навивачите да ја поддржат американската судијка.

„Драги мои навивачи, ви благодарам за поддршката. Ве молиме запомнете дека судијата кој беше погоден од топка исто така има потреба од ваша поддршка. Таа не стори ништо лошо. Ќе ве замолам да ја поддржите во овој период. Од овој момент зајакнуваме заедно и ќе се издигнеме. Европа, доаѓам“, напиша првиот рекет во светот.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com