Фудбал
Лаутаро Мартинез го шокираше Интер
Сапуницата околу Лаутаро Мартинез се чинеше завршена бидејќи агентот на играчот рече дека ќе остане во Интер барем уште една сезона.
Мартинез долго време се поврзуваше со Барселона, но денес тој играше за Интер на пријателски натпревар против Лугано и постигна два гола, и се чинеше како да ја донел конечната одлука.
Сепак, „Кориере дело Спорт“ пишува дека „играта не е завршена“ и дека Мартинез одбил да го продолжи договорот со Интер, и покрај изјавата на неговиот агент дека има намера да остане уште најмалку една сезона во Серија А.
Шаховската игра ќе продолжи вака, Барселона ќе продолжи да прави потези, надевајќи се дека на крајот сепак ќе го купат Мартинез, кој сака да игра со Лионел Меси.
Интер би можел да биде свесен за целата ситуација, а сепак да го продаде Мартинез, затоа што следната сезона неговата вредност ќе биде помала со приближувањето на крајот на договорот со Интер.