Connect with us

Ракомет

Лазаров и Нант ја завршија сезоната со победа

Нант и Кире Лазаров го одиграа последниот натпревар во веќе завршената сезона во француското првенство и го совладаа Данкерк на гостински терен со 28:25, пишува derbi.mk

Гостите водеа и на полувреме и не ја испуштија предноста и во вториот дел, што за Нант деветнаесетта победа и четврто место на табелата.

Лазаров го заврши натпреварот со 4 голови, а поефикасни од него биле само Турна и Балагер со по 5 погодоци.