Connect with us

Фудбал

Легендарниот играч на Реал Мадрид: Нa Барселона по навика им се виновни судиите, но сега има ВАР

Барселона, поточно фудбалерите, но и тренерот Чави имаа забелешки за судењето оваа сезона во Лигата на шампионите, особено за мечот во Милано, каде им беше поништен и гол, но очигледно дека оправдано, бидејќи Фати играше со рака. Но, легендата на Реал Мадрид, а подоцна играч на Милан и Интер, Кларенс Сидорф, вели дека ова не е ништо ново. Како што вели тој, Барселона постојано ги обвинува судиите.

-Барселона ги обвинува судиите? Тоа е нивна стара навика за да создадат почит на судиите, но Чави мора да покаже почит. Сепак, таков притисок не може да помине толку лесно во ера на ВАР-технологија, изјави Сидорф.

Инаку, Холанѓанецот од 1996-та до 2000-та играше за Реал Мадрид, потоа две години го носеше дресот на Интер, па на нивниот градски ривал Милан. На почетокот на кариерата играше за Ајакс и Сампдорија, а се пензионираше во 2014-та во Ботафого.