Connect with us

Фудбал

Легендата на бугарскиот фудбал: Примаме мигранти, како можеме да бидеме расисти

Бугарската фудбалска легенда, Христо Стоичков, во интервју за полското национално радио, ја бранеше својата земја во врска со расистичкиот скандал во октомври, кога репрезентацијата на Англија гостуваше во Софија.

„Не сакам ни да слушнам дека ние Бугарите сме биле расисти. Јас не се чувствувам расист. На стадионот имаше 20.000 луѓе, и тоа што 15-20 глупаци направија нешто што не требаше, не значи дека целата нација сме расисти“, вели Стоичков.

Единствениот Бугарин кој ја освоил „Златната топка“ за најдобар фудбалер на светот, додаде дека неговата земја ги отворила границите за мигрантите, и бојата на кожата не им е важна, па сето тоа се докази дека не се сите Бугари како оние што предизвикаа прекин на мечот со Англија.