Фудбал
Легендата на Ливерпул го открива големиот страв на Клоп
Јирген Клоп се плаши од губење на ѕвездите на тимот во овој летен преоден рок.
Ова го изјави легендата на „црвените“, Роби Фаулер, за „Мирор“.
„Ливерпул не направи многу на пазарот ова лето, но верувам дека Клоп би го затворил пазарот уште сега доколку имал шанса. Барселона повторно ги сврте погледите кон Енфилд“, рече Роби.
Веста која доаѓа од Шпанија за интересот на Куман за Садио Манде и Вијналдум треба да биде шокантна за навивачите на Ливерпул.
„Луис Суарез и Филип Кутињо не беа во можност да одолеат на магијата на „Камп Ноу“ во последните неколку години. Дури и сега, кога Каталонците одат од една во друга криза, името на Барселона останува многу привлечно“.
„Ливерпул е еден од најголемите клубови во светот. Но, Мане е од Сенегал. Многу е веројатно тој да сонувал да го облече дресот на Барса кога растел во градот Седхиу“.
„Кога Вијналдум играше фудбал на улиците на Ротердам, тој без сомнение се обидуваше да го повтори ударот на пеналот на Куман на „Вембли“, со кој Барселона ја освои Лигата на шампионите во 1992 година“, рече Фаулер.