Connect with us

Фудбал

Легендата на Манчестер Јунајтед: Пуштете го Роналдо да си оди!

Познатиот англиски стопер и поранешен соиграч на Кристијано Роналдо, Рио Фердинанд, смета дека Јунајтед треба да го пушти да си замине во јануарскиот преоден рок доколку не сметаат на него.

Португалецот крена голема бура со напуштањето на стадионот во 89. минута од средбата со Тотенхем, револтиран од тоа што нема да добие шанса од Ерик тен Хаг.

Неговиот поранешен соиграч Рио Фердинанд се обидува да најде логично оправдување зошто Роналдо не добил минутажа.

“Единствената причина поради која гледам дека не играше е тоа што сакаше да го спаси за Челзи. Тоа е она што го гледам. После се не очекував ништо помалку од него, искрено”, изјави Фердинанд.

Потоа напомена дека клубот ќе мора да го отпушти Кристијан доколку не смета на него.

“Ако не го гледа како стартер или дури и како човек кој треба да придонесе тренерот и клубот мора да го пуштат. Тоа не е фер кон него. Не е фер кон никого. Јунајтед победи со 2-0, играше одлично, а темата од мечот е „Зошто не играше Кристијано“. Така ќе биде после секој“, смета Рио.