Фудбал
Лемонис по четврти пат на кормилото на Олимпијакос
Грчкиот фудбалски тренер Такис Лемонис се враќа на клупата на Олимпијакос по четири месеци. Тој ќе го наследи отпуштениот Бесник Хаси.
За Лемонис ова е четврто назначување за тренер на тимот од Пиреја со кого мината сезона ја освои титулата во Грција. И тогаш, слично како и сега, Лемонис дојде кога „црвено-белите“ се наоѓаа во незавидна ситуација, но подоцна беше сменет со албанскиот тренер Хаси.
Лемонис се смета за легенда на Олимпијакос поради десетте сезони поминати во овој клуб како играч, а потоа во пет сезони како тренер освои пет шампионски титули во Грција и еден национален куп.
Првиот дуел по враќањето на старо-новиот тренер Олимпијакос ќе го има утре на гостински терен со Јувентус.