Connect with us

Фудбал

Левандовски: Чувствувам олеснување

Фудбалерот на Барселона Роберт Левандовски изјави дека е презадоволен откако го освои првиот трофеј со каталонскиот клуб.

Барселона го победи Реал во натпреварот од Суперкупот на Шпанија и тоа многу му значи на Левандовски.

„По првиот трофеј почувствував олеснување. Реков, во ред е, сега си тука, јас сум во Барса и сум играч кој веќе освои нешто со овој клуб. Сега можеме да размислуваме за иднината и освојување на нови трофеи. После тоа почувствував дека сум дома. Добро е чувството, бидејќи во Ла Лига треба да почекаме уште неколку месеци за да видиме дали ќе бидеме шампиони. Освојувањето на Суперкупот беше важно и за помладите играчи. Се чувствуваме поудобно за иднината и имаме добро чувство за она што следи “, рече Левандовски.

Напаѓачот особено ја истакна улогата на тренерот на каталонскиот клуб Чави Ернандез.

„Тој беше неверојатен играч и сè што го опкружува сега како тренер дава чувство дека тој ни ги пренесува вистинските работи на сите нас, вие му верувате и знаете дека тоа е вистинскиот начин. Затоа сите го поддржуваме и го следиме. Одигра неверојатно, играше на шест и осум позиции, виде се на теренот. Одеше напред-назад неуморно. Ако на таа позиција како играч успеал да види се на теренот, замислете што може да направи сега како тренер. Тој беше таму како тренер две години, сега го има тоа искуство бидејќи е важно да се разбере разликата помеѓу да се биде играч и тренер. За да бидеш голем тренер потребна е мала разлика, но тоа е она што те прави успешен или не“, изјави Левандовски.