Connect with us

Фудбал

Левандовски незапирлив и во дресот на Барса (ВИДЕО)

Барселона влезе во Серија. По почетното реми на стартот од сезоната, врза пет победи, а најновата е против Елче со 3:0. Барем до утре до градското дерби помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид ќе биде лидер на табелата. Два гола постигна Левандовски кој е незапирлив за противничката одбрана и во Ла Лига, како што беше во Бундеслигата. Со новите два гола стигна до осум погодоци на шест меча во шпанското првенство. Еден гол во победата против Елче беше дело на Депај.

Standings provided by SofaScore LiveScore