Connect with us

Фудбал

Лидерот во Бундеслигата шокиран и елиминиран од Башакшехир во 90-та минута, Манчестер Јунајтед се „буди“

Лидерот во Бундеслигата Борусија Менхенгладбах до последното коло во групната фаза во Лига Европа беше лидер и на чекор до пласман во следната рунда. Сепак вечерва на домашен терен загуби од турскиот Башакшехир со 2:1 и тоа со гол во 90-та минута, па доживеа елиминација.

Од оваа група во следната фаза одат турскиот тим и Рома која одигра 2:2 Волфсбергер.

Манчестер Јунајтед се чини дека се буди. По победите над Манчестери Сити и Тотенхем во Премиер лигата, стигна до убедлив триумф од 4:0 против АЗ Алкмар во Лига европа и прво место во групата. Партизан славеше со 4:1 над Астана, но уште од претходното коло се знаеше дека од оваа група во следна рунда патуваат Јунајтед и АЗ Алкмар.

Подолу во прилог е конечниот изглед на сите групи. Пласман во следната рунда обезбедија првопласираните екипи од секоја група.

Жрепката е во понеделник во 13, часот, а ќе им се приклучат и третопласираните екипи во Лигата на шампионите Ајакс, Бенфика, Интер, Салцбург, Баер Леверкузен, Бриж, Олимпијакос, Шахтјор.