Connect with us

Фудбал

Лига 1 во нов формат

Франција Лига 1 за две сезони ќе има нов формат на натпреварување.

Наместо досегашните 20, во лигата ќе учествуваат 18 екипи.

Во сезоната 2022/2023, четири екипи ќе ја напуштат лигата, а промоцијата од Лига 2 ќе ја добијат две екипи без плејоф.

Бундеслигата веќе 18 сезони работи во 18 екипи, а се планира и Серија А.

Французите се одлучија на овој чекор со цел да внесат неизвесност во натпреварувањето, но и да го намалат бројот на натпревари во календарот, бидејќи најсилните француски клубови играат европски натпреварувања, Лига, Лига куп и Куп, па ритамот и распоредот е тежок, а се планира и нов формат на Лига купот, поточно дека клубовите што играат во Европа ќе се приклучат само од средината на натпреварувањето.

ПСЖ е доминантен во Лига 1, сепак Лил ја освои титулата минатата година и покажа дека може да им парира на „Принцовите“, а сега раководството на лигата сака да воведе уште повеќе возбудувања.

Значи, од сезоната 2023/2024, француската Лига 1 ќе има 34 кола, две екипи ќе играат директно додека еден тим ќе игра со третопласираниот од Лига 2, но конечниот формат ќе биде познат во наредниот период. Шест екипи би отишле во Европа.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама