Connect with us

Фудбал

Лига на шампиони: Се чека првиот осминафиналист, Дортмунд ќе „гори“

Со натпреварите од групите Е, Ф, Г и Х почнува четвртото коло од Лигата на шампионите, по кое можеме да ја добиеме првата екипа која ќе игра во осминафиналето.

Тоа е Наполи. Италијанскиот тим во групата Е, со евентуална победа над Салцбург би можел да обезбеди пласман помеѓу 16 најдобри екипи, секако под услов Ливерпул да го совлада Генк на домашен терен.

Сепак, највозбудливиот меч вечерва се игра во Дортмунд, каде Борусија го пречекува Интер. Двата тима имаат по четири бодови, првата пресметка во Милано заврши со 2:0 за „Нероаѕурите“. Веројатно, кој ќе победи на вечерашниот натпревар, таа екипа со Барселона ќе направи исчекор кон пласман во осминафиналето.

Овие две екипи само еднаш меѓебно играле во овој формат на Лигата на шампионите, пред две недели, кога Интер славеше со 2:0.

Претходно овие две екипи се сретнале во четвртфиналето во Купот на УЕФА, сезона 1993/94. Првиот меч во Германија заврши со 3:1 со победа на Интер. На реваншот во Милано славеше Борусија со 2:1. Таа година Интер го освои пехарот во Купот на УЕФА.

Интер исто така славеше во полуфиналето на Купот на европските шампиони во 1964 година. Во Дортмунд беше 2:2, во Милано 2:0. Таа година Интер го крена пехарот во ова натпреварување.

Интер исто така излезе на врвот кога екипите се сретнаа во полуфиналето на Купот на Европските шампиони во април 1964 година, следејќи го ремито 2: 2 кај поранешниот дом на Дортмунд, Стадион Роте Ерде, со победа од 2: 0 на Сан Сиро, Сандро Мацола постигнува гол и во двете нозе.

Тимот од Милано во својата клупска историја 42 пати играл против германски тимови. Има позитивен биланс, 21 победа, 8 нерешени средби и 13 порази, со гол разлика 77:53.

Од друга страна, Борусија Дортмунд против италијански тимови има 29 мечеви, од нив 10 победи, 4 нерешени средби и 15 порази. Гол разликата е негативна, 36 постигнати и 43 примени голови.

За вечерва под знак прашалник кај домашниот тим се Шмелцер и Ројс, додека кај Интер нема да играат Азамоа, Гаљардини, Санчез и Дамброзио.

Парови Група Е, Ф, Г и Х

Група Е:

21:00 ч. Наполи – Салцбург

21:00 ч. Ливерпул – Генк

Табела: Наполи 7, Ливерпул 6, Салцбург 3, Генк 1

Група Ф:

18:55 ч. Барселона – Славија Прага

21:00 ч. Борусија Дортмунд – Интер

Табела: Барселона 7, Интер 4, Борусија 4, Славија Прага 1

Група Г:

18:55 ч. Зенит – Лајпциг

21:00 л. Лион – Бенфика

Табела: Лајпциг 6, Зенит 4, Лион 4, Бенфика 3

Група Х:

21:00 ч. Челзи – Ајакс

21:00 ч. Валенсија – Лил

Табела: Ајакс 6, Челзи 6, Валенсија 4, Лил 1