Други спортови
Линдзи Вон на крајот од сезоната ја завршува својата кариера
Легендарната Линдзи Вон на крајот од оваа сезона одлучи да ја заврши кариерата.
Вон преку Инстаграм истакна и рече дека ова беше најтешка одлука за неа до сега.
“Како најстара освојувачка на олимписки медали, со 34 години, сфатив кога се исполнети сите големи цели во скијањето, мора да се погледне во минатото и сите успеси и тогаш ќе се запрашате како мојата иднина ќе изгледа без тоа.
Морам да прифатам дека сум доволно добра без скијање, бидејќи во овој момент моето здравје и семејство треба да биде ми бидат на прво место”, напиша Вон на Инстаграм.
Вон во текот на нејзината кариера, меѓу другото има освоено три олимписки медали, седум златни медал на Светското првенство, четири Големи кристални глобуси и 15 мали.